По “Сејф 3”, на Сител телевизија во доцните ноќни часови ќе се емитува канадската процедурал серија “Светот на Дојл”, снимена од 2010 до 2014 година во вкупно 77 епизоди.
„Kаков татко, таков син“ е принципот кој се покажува во важност и на дело во оваа серија.. И таткото Малаки и синот Џејк некогаш биле полицајци, а сега работат како приватни детективи. Тие двајцата треба да решат разноразни случаи, од типот на неверства до тинејџери во бегство, од грабежи на банки до фатален подметнат пожар, од убиства со умисла до тешки злосторства.
Џејк е осамен, но истовремено и сочувствителен до тој степен што може да ги затресе колената на секоја жена со својот срцепарателен и секси изглед.
Емотивниот живот на Џејк е како пинг-понг топка што скока помеѓу неговата поранешна сопруга Кина и полицајката Лесли. Кина е нестабилна, докторка по професија која работи во Брза помош, а таа истовремено може страсно да го бакне Џејк во уста во секој момент или да го клоцне меѓу нозете. За разлика од неа, Лесли Банет е полицајка, која е амбициозна, остроумна, со кариера во подем и вклучена во тимот на Дојл.
Освен овие ликови, запознајте ги и другите членови во светот на Дојл, од понеделник до петок на Сител по полноќ.
Дани | ТВ Пакет