Почетна / Сапуници / Теленовелата „Ти го давам животот” премиерно на Телма во 11:35 часот

Теленовелата „Ти го давам животот” премиерно на Телма во 11:35 часот

Од понеделник, 31 октомври на Телма телевизија стартува мексиканската теленовела “Ти го давам животот”.

Конечно и на задоволство на многумина од вас ќе ги гледате повторно познатите ѕвезди на Телевиса.

Ова е приказна за две семејства кои доаѓаат во контакт преку шестгодишниот Нико, дете кое со месеци се бори со тешката леукемија.

За Елена и Ернесто, единствениото решение е да ги пронајдат биолошките родители на Нико, за да го спасат животот на своето посвоено дете. Од тој момент, дотогаш среќното семејство е ставено пред голем предизвик.

Мајката не успеваат да ја пронајдат, но ќе го пронајдат Педро, татко му на Нико, кој е шокиран од веста дека воопшто има син. Откога ќе се увери дека Нико е навистина негово дете, Педро без поговор се согласува да биде донор на коскена срцевина.

Еренесто и Елена му се благодарни, но го замолуваат да не биде во контакт со детето. Педро прифаќа, убеден дека момчето има убав живот со нив и дека за него нема место во неговиот живот… Но, судбината за нив има поинаков план.

Бидете со Телма од понеделник до петок во 11.35 часот и уживајте во нова приказна од вашата омилена продукција. Конечно нешто ново на Телма, а наменето за целата женска публика и сите оние кои сакаат мелодраматична модерна серија и убави страствени ликови.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!