Почетна / Сапуници / Телма ја почна и „Колекција Велвет“, продолжение на познатата драма

Телма ја почна и „Колекција Велвет“, продолжение на познатата драма

По успехот кој го доживеа шпанската романтична драма “Велвет”, продуцентите решија да снимат и продолжение на приказната за Галериите Велвет. Новата серија сепак не го постигна успехот на претходницата, па заврши со две сезони и еден божиќен специјал како заокружување на целата приказна.

По емитување на “Велвет”, на радост на многу гледачи, Телма телевизија продолжи со емитување и на продолжението – “Колекција Велвет”, од понеделник до петок ексклузивно на Телма во 17.30 часот.

По три години живеење во Њујорк заедно со сопругот Алберто и синчето, ја гледаме Ана која решава да се врати во Шпанија како би го проширила нивниот проект. Aна и Алберто од Америка управувале со нивната компанија, заедно со роднините и пријателите во Шпанија, како би го одржале и популаризирале бизнисот со мода – “Велвет”.

Овојпат, ексклузивниот бизнис на висока мода од Мадрид се сели во Барселона, каде Ана и пријателите отвораат нов бутик на една од најпознатите авении. Бутикот е на пат на стане светски позната франшиза на модни парчиња, а ликовите и овојпат ќе бидат вплеткани во една необична и слатка мрежа на љубовни заплети, опасни игри и бизнис интереси.

Но, во Шпанија, Ана освен убави, ќе слушне и лоши вести. Смртта на нејзината најдобра пријателка Рита го променила животот и Педро, а смртта на дон Емилио ќе ја врати тагата на лицата на Ана и Бланка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!