Почетна / Серии / Телма ја префрли серијата „Baywatch“ во утринските термини

Телма ја префрли серијата „Baywatch“ во утринските термини

Популарната американска серија од 90-тите – “Чувари на плажата” со нов термин на Телма, од понеделник до петок во 11.20 часот претпладне. Ќе се емитуваат последните епизоди од 4. сезона, по што Телма ќе прекине со емитување.

Еден од создавачите, Грегори Џ. Бонан, работел како спасувач на лосанџелската плажа и затоа го започнал овој проект, кој поради популарноста, прераснал во телевизиска серија. Поради високата цена на тогашната продукција, по првата сезона, NBC ја укинала серијата, но поради големата популарност било повторно вложено во неа, и тоа од страна на главниот глумец Дејвид Хаселхоф, кој е и извршен продуцент.

Мич и неговата екипа ќе се најдат во опасни ситуации, во кои ќе мора да помогнат на колегите и цивилите на плажите на ЛА. Давење во водите, потреси, тонење на бродови, киднапирања, разбојништва, напади од морски кучиња и многу други непредвидливи акции во последните епизоди од четвртата сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!