По завршување на петта сезона од “Shameless”, Телма во 22.15 часот ќе ја репризира британската серија “Taboo”, а по нејзиното завршување, фановите на бесрамниците повторно ќе се дружат со нив.
Дејството на мрачната, надреална мини серија „Табу“ се одвива во 1814 г. и ни ги прикажува авантурите на Џејмс Кезија Делани (Том Харди) кој се враќа во Лондон од Африка. Тој е човек кој одел во најдалечните места на земјата и се вратил неповратно изменет. За него се мислело дека е одамна мртов, но се вратил дома за за да го наследи тоа што останало од бродската империја на татко му и повторно да си го изгради животот.
Но, наследството на татко му носи проблеми, а непријателите го демнат на секој чекор, па Џејмс мора да се бори за да ја избегне смртта. Опкружена со завери, убиства и предавства, една мрачна семејна мистерија се развива во приказна за љубовта и предавството.
Џејмс е енигма што морате да бидете трпеливи доколку сакате да ја откриете, бидејќи секоја епизода открива само мал дел од неговата комплицирана личност. Токму затоа и првите епизоди покренуваат повеќе прашања отколку одговори, но доколку издржите до подоцнежните епизоди, нема да бидете ни најмалку разочарани.
Извршни продуценти се Ридли Скот, Стивен Најт и Том Харди. Серијата е создадена од Стивен Најт со Том Харди и Чипс Харди.
Дани | ТВ Пакет