Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – Јана Серафимова. Наградите по осми и последен пат ги врачи олимпискиот шампион од Игрите во Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена за личности и институции кои го поддржувале во неговата кариера.
Меѓу добитниците на признанието оваа година се и првиот вицепремиер во Владата на Македонија, Изет Меџити, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и Зоран Шоров, поранешен репрезентативен колега на Трстена, првиот генерален секретар на МОК, Зоран Гапиќ.
Признанието за Телма е за афирмација на спортот и беше врачено на генералната директорка, Снежана Лупевска Созен.
Дани | ТВ Пакет