Почетна / Серии / Телма по втор пат ќе ја репризира српската крими серија „Клан“

Телма по втор пат ќе ја репризира српската крими серија „Клан“

Серијата „Клан“ ја раскажува приказната како ситни, но, амбициозни криминалци полека од дното се искачуваат до врвот на пирамидата на подземјето, со кои ќе се потсетиме повторно на Телма во втората реприза во 22.10 часот

Инспирирана од вистинските приказни на српското подземје при распадот на Југославија, „Клан“ прикажува и како државата и тајните служби наместо да се борат против криминалците, почнуваат соработка со мафијата за политички, но и за сопствени цели.

Убиството на Аркан е почеток на раѓањето на земунскиот клан. Двајца пробисвети од провинција, покрај големите пречки успеваат во своите бескрупулозни и сурови акции да се искачат на врвот на подземјето.

Убиството на Тигар, најголемиот мафијашки бос во овој дел од Европа, до темел го разнишува српското подземје. многумина сакаат да дојдат до оваа позиција, картите одново се делат, сите сакаат дел од пленот и се подготвени да направат се за да го освојат.

Сценаристите не ги користи оригиналните имиња на ликовите за вистинската крими-приказна, но филмските имиња се лесни асоцијаци на вистинскиот идентитет на носителите на организираниот криминал на Балканот.

На маргините на тој свет, Шок и Паша, ситни крадци ја започнуваат мафијашката кариера која ќе ги однесе до незамислива височина.

Замислена како длабок и досега невиден пресек во самото срце на криминалната организација и нејзините делувања, ова современата акциона драма го прати подемот на овие двајца криминалци во светот на подземјето. Ова е нивниот пат и нивната приказна.

Главните улоги ги толкуваат: Александар Димитријевиќ, Недим Незировиќ, Феѓа Штукан, Анѓела Поповиќ, Иван Зариќ, Милан Узелац, Никола Вујовиќ и многу други.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!