За прв пат, по долго време, телевизија Телма во тек на телевизиска сезона ќе емитува реприза на веќе емитувана серија и тоа во ударен термин. Од понеделник до петок во 20.30 часот, на местото од “Аларм за Кобра 11” ќе се репризира “Топло ладно”. Неодамна започна и репризирање на комедијата “Episodes”.
Британската семејна комедија “Топло ладно” (Cold Feet) веќе се емитуваше ланската сезона на Телма и тоа во 17.20 часот. Серијата е снимена од 1997 година до 2019 година и ги прати згодите и незгодите на три интересни парови од Манчестер.
Заедно со нив, следуваат и нивните издигнувања, падови во врските, срцепарателни, но и урнебесно смешни ситуации. Главниот лик е Адам кој се вљубува во Рејчел, а покрај нив тука се и Пит, Џени, Дејвид и Карен. Пит и Џени се справуваат со новата улога на родители, a дадилката на синот се испречува во бракот меѓу Дејвид и Карен.
Дани | ТВ Пакет