Нанев тврди дека видео линкот бил резултат на јавувањето на член на Судскиот совет до уредникот на телевизија Телма.
На вчерашната седница на Судски совет беше прочитан дописот на Телма. Во него беше наведено дека телевизија Телма ја информира јавноста објективно и независно и со професионални правила на новинарската професија. Во продолжение реакцијата на Телма:
„Слободата на медиумите е загарантирана со Уставот, а господинот Нанев при остварување на своите институционални службени функции не може да го одредува начинот на информирање на јавноста и техничкиот избор на примање и на пренесување на информации. Ваквите изјави доведуваат до директно рушење на угледот на дејноста, на работењето на Телма, угледот и честа на мојата општествена дејност како новинар, како управител и како главен и одговорен уредник. Самостојноста и независноста на медиумите треба да бидат ослободени од било какво непосредно влијание при креирањето на новинарски содржини базирани на факти и вистини и со јавна одговорност“, наведе во дописот директорката и главен и одговорен уредник на Телма, Снежана Лупевска Созен.
Дани | ТВ Пакет