На местото од попладневното Шоу на Елен од минатата седмица со емитување започна мини хумористичната серија “Месарницата на Лу” на Телма телевизија. Серијата “BEEF” е снимена во 2014 година во продукција на Paramount Pictures Digital Entertainment и Abominable Pictures, а ги прати згодите и незгодите на Луи и неговото семејство кои заработуваат преку својата месарница.
По завршувањето на овој ситком, следуваат уште две нови семејни серии во наредниот период.
Едната серија е британската комедија “Епизоди” (Episodes) во 41 продолжение која го прати животот на Шон и Беверли, брачен пар кои се творци на познати британски серии. Животот им се менува кога познат претседател на една телевизиска мрежа ќе ги наговори да се преселат во Лос Анџелес каде ништо повеќе нема да биде исто. Тие ќе мора да се вклопат во новиот начин на снимање на тв серии, а главниот проблем е што мора да го променат и главниот глумец од нивните серии. Новиот актер Мет ЛеБланк во новиот проект ќе го разбранува и бракот на Шон и Беверли.
Покрај “Епизоди”, Телма ја има откупено и британската романтична драма “Топло ладно” (Cold Feet) во 48 продолженија. Серијата е снимена од 1997 година до 2019 година во која ќе ги запознаеме три интересни парови од Манчестер. Заедно со нив, следуваат и нивните издигнувања, падови во врските, срцепарателни, но и урнебесно смешни ситуации. Главниот лик е Адам кој се вљубува во Рејчел, а покрај нив тука се и Пит, Џени, Дејвид и Карен. Наскоро, очекувајте ги сите доживувања на врските и пријателствата во познатата британска драмедија.
Дани | ТВ Пакет