Почетна / Серии / Контактната на Телма на пауза, на нејзино место репризи на „Baywatch“

Контактната на Телма на пауза, на нејзино место репризи на „Baywatch“

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 16.15 часот ќе се репризираат епизоди од втората сезона на популарната американска серија од 90-тите – “Чувари на плажата”. Четири сезони од серијата беа лани емитувани на оваа фреквенција, по што започнаа и репризните прикажувања. Сега повторно на Телма во период кога контактната емисија “Црвена линија” ќе паузира од тв екраните.

Серијата е снимана и прикажувана во САД од 1989 до 2001 година, а дејството се одвива во Лос Анџелес и ги прати животите на главните јунаци – спасители, кои работат на плажа.

“Baywatch” доживува светска слава и голем успех надвор од Америка, особено од третата сезона кога се појавува Памела Андерсон како една од спасувачките.

Мич и неговата екипа повторно ќе ве потсетуваат на опасните ситуации, во кои ќе мора да помогнат на колегите и цивилите на плажите на ЛА. Давење во водите, потреси, тонење на бродови, киднапирања, разбојништва, напади од морски кучиња и многу други непредвидливи акции следуваат за храбрите чувари на плажата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!