Почетна / Сапуници / Тежок удар за Џан – комедијата за „Романтичарот“ укината во Италија

Тежок удар за Џан – комедијата за „Романтичарот“ укината во Италија

Tежок удар за популарниот романтичар, Џан Јаман. Серијата “Erkenci Kuş” која го направи ѕвезда во Италија е повлечена од екраните.

Сеуште не е познато кога и во кој термин каналот ќе ја врати серијата во етер.

Причината за ваквата неочекувана одлука е наглиот пад на рејтингот.

На 7-ми јануари серијата имала удел во гледаноста од 11%. Една недела подоцна постигнала 9,2% удел. Овие бројки се прениски за ударен термин и управата на каналот веднаш го откажала понатамошното емитување.

Многумина сметаат дека ова е поради одлуката на телевизијата да емитува странска серија во прајмтајм, иако сите турски серии си беа претходно прикажувани во попладневни термини.

Големата популарност на Џан во оваа земја ги натерало челниците да ја стават “Романтичарот” во вечерен термин, не знаејќи дека истата таа популарност ќе им се удри во глава со таа одлука.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!