По успешната промоција на нивниот прв сингл насловен како „На Задна врата“, бендот во четвртокот одбележа уште еден редок настан.
По втор пат во нивната кариера, успешно се претставија пред охридската публика и многубројните туристи, со настап во живо од камион во движење низ охридските улици. Многубројната публика на градскиот плоштад беше воодушевена од нивната изведба на светските рок хитови и уникатниот сценски настап од камион.
Од бендот изразуваат благодарност до Сообраќјаната Полиција при СВР Охрид, Локалната Самоуправа, до Liquid cafe и многубројните пријатели, со чија помош го повторија минатогодишниот првомајски уникатен настап и истакнуваат дека тоа ќе прерасне во традиција. Дел од видео материјалот ќе се најде на новиот видеозапис кој ке можете да го погледнете наскоро.
Автор | ТВ Пакет