Почетна / Забава / Легендарниот џез-состав The Chick Corea Elektric Band на 2. јули во Скопје

Легендарниот џез-состав The Chick Corea Elektric Band на 2. јули во Скопје

 

Легендарниот џез-состав „THE CHICK COREA ELEKTRIC BAND“ ќе гостува во Скопје, на 2 јули во Метрополис арената во 21 ч., во рамките на нивната светска, ексклузивна турнеја, во организација на „Спектакулум“.

 

 

Ова е едно од оние случувања кое што градот долго ќе го памети. Станува збор за едно од најголемите живи имиња во сферата на џез-музиката, кое изврши силно влијание врз развојот на овој уметнички жанр. Славниот пијанист и композитор Чик Корија гостуваше во Скопје, во рамките на Скопскиот џез-фестивал во 2009 година со проектот „Ри¬трн ту фо¬ре¬вер“ со Стен¬ли Кларк на бас и та¬па¬на¬рот Ле¬ни Вајт, но сега доаѓа со бендот со кој што создаде вистинска духовна, уметничка револуција – Dave Weckl на тапани, John Patitucci на бас, Eric Marienthal на саксафон и Frank Gambale на гитара. 

На вчерашната прес-конференција по повод концертот на ѕвездите „Чик Корија и Електрик бенд“, присуствуваа музикологот Тина Иванова и сопственикот на радиото Џез ФМ, Ален Хаџи Стефанов.

„Македонската публика ќе има навистина ретка можност да присуствува на концерт каде на иста сцена ќе застанат музички магови кои заедно, но и секој засебно, оставија силен печат на светската музичка мапа“, рече Иванова.

 

„The Chick Corea Elektric Band“ токму во ваков состав, го издадоа нивниот истоимен деби албум во 1985 година во кој се соединуваат џезот, рок-музиката, латино-музиката, фанкот. Албум кој и тогаш, а и денес се уште, звучи прогресивно, иновативно, авангардно, издание кое изврши огромно вијание не само врз понатамошниот развој на џезот, туку и врз хип-хопот и електронската музика.

Иако е веќе познато, Чик Корија е еден од музичките уметници кој поседува култен статус поради неговата автентична уметничка појава, поради храброста да ги разбие веќе постоечките жанрови и да внесе свеж здив. Познатиот пијанист се наоѓа во „Холот на славните“ и е едно од оние имиња со најмногу номинации во историјата на „Греми“ наградите, дури 63 номинации и 22 освоени признанија. Неговото творештво е обемно и тој постојано игра со т.н. дефинирани правци како авангардата, би-бапот, џез-рок фјужн, па дури и до симфониска музика.

Концертот на „Чик Корија Електрик Бенд“ ќе донесе врвна музика, и ќе претставува единствена можност на едно место да се чујат и видат имиња од таков калибар. „Нивната музика е оценета како моќна, енергична, импулсивна, полна со звучни изненадувања и виртуозно свирење, таа на слушателите им нуди звучно истражување со извонредни пропорции“, истакна Иванова.

Американскиот џез-фјужн тапанар Дејв Векл е лидер на „Дејв Векл бенд“, на њујоршката џез сцена се појавува раните 80-ти години и веднаш почнува да соработува со имиња како Мадона, Пол Сајмон, Џорџ Бенсон, Мишел Камило, Ентони Џексон, но неговата популарност ќе процвета токму со влезот во Електрик бенд на Чик Корија. Басистот Џон Патитучи добитник на бројни награди и со бројни изданија и настапи зад себе, е легенда сам за себе, некои ќеодат до крајност и ќе кажат дека таков музичар нема повторно да се роди, потоа добитникот на Греми, саксоофонистот Ерик Мариентал со зад себе огромна дискографија и австралијанецот Френк Гембејл на гитара…

 

Ми се допадна една изјава дека ‘Чик Корија и Електрик бенд’ се појавиле во 86 година како гром од ведро небо. Нивната музика е мошне специфична. Се работи за луѓе кои што создаваат магија на сцената“, рече Хаџи Стефанов. „Чик Корија и Електрик бенд се појавија во вистинско време, кога компакт дискот беше нов формат. Додека живеев во Њујорк имав можност одблиску да се запознаам со нивната музика и со се она што околу нив се случуваше. И со вој проект, Чик Корија успеа да се измисли самиот себе си по не знам кој пат. А, тоа само тој може да го направи. А, музичката индустрија тоа добро го искористи.“

Хаџи Стефанов истакна дека не верувал оти овој состав повторно ќе се сплоти и дека ќе прави концертна турнеја.

Влезниците за концертот на легендарниот џез-состав се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за се и цените се движат од 990 до 3.000 денари во зависност од местоположбата.

Она што за овој концерт е исто така значајно, е што ќе се реализира со сосема нова звучна опрема.

 

 

Легендарниот џез-состав „THE CHICK COREA ELEKTRIC BAND“ ќе гостува во
Скопје, на 2 јули во Метрополис арената во 21 ч., во рамките на нивната светска,
ексклузивна турнеја, во организација на „Спектакулум“.
Ова е едно од оние случувања кое што градот долго ќе го памети. Станува збор за едно
од најголемите живи имиња во сферата на џез-музиката, кое изврши силно влијание
врз развојот на овој уметнички жанр. Славниот пијанист и композитор Чик Корија
гостуваше во Скопје, во рамките на Скопскиот џез-фестивал во 2009 година со
проектот „Ритрн ту форевер“ со Стенли Кларк на бас и тапанарот Лени Вајт, но сега
доаѓа со бендот со кој што создаде вистинска духовна, уметничка револуција – Dave
Weckl на тапани, John Patitucci на бас, Eric Marienthal на саксафон и Frank Gambale на
гитара.
На вчерашната прес-конференција по повод концертот на ѕвездите „Чик Корија и
Електрик бенд“, присуствуваа музикологот Тина Иванова и сопственикот на радиото
Џез ФМ, Ален Хаџи Стефанов.
„Македонската публика ќе има навистина ретка можност да присуствува на концерт
каде на иста сцена ќе застанат музички магови кои заедно, но и секој засебно, оставија
силен печат на светската музичка мапа“, рече Иванова.
„The Chick Corea Elektric Band“ токму во ваков состав, го издадоа нивниот истоимен
деби албум во 1985 година во кој се соединуваат џезот, рок-музиката, латино-музиката,
фанкот. Албум кој и тогаш, а и денес се уште, звучи прогресивно, иновативно,
авангардно, издание кое изврши огромно вијание не само врз понатамошниот развој на
џезот, туку и врз хип-хопот и електронската музика.
Иако е веќе познато, Чик Корија е еден од музичките уметници кој поседува култен
статус поради неговата автентична уметничка појава, поради храброста да ги разбие
веќе постоечките жанрови и да внесе свеж здив. Познатиот пијанист се наоѓа во
„Холот на славните“ и е едно од оние имиња со најмногу номинации во историјата на
„Греми“ наградите, дури 63 номинации и 22 освоени признанија. Неговото творештво е
обемно и тој постојано игра со т.н. дефинирани правци како авангардата, би-бапот, џез-
рок фјужн, па дури и до симфониска музика.
Концертот на „Чик Корија Електрик Бенд“ ќе донесе врвна музика, и ќе претставува
единствена можност на едно место да се чујат и видат имиња од таков калибар.
„Нивната музика е оценета како моќна, енергична, импулсивна, полна со звучни
изненадувања и виртуозно свирење, таа на слушателите им нуди звучно истражување
со извонредни пропорции“, истакна Иванова.
Американскиот џез-фјужн тапанар Дејв Векл е лидер на „Дејв Векл бенд“, на
њујоршката џез сцена се појавува раните 80-ти години и веднаш почнува да соработува
со имиња како Мадона, Пол Сајмон, Џорџ Бенсон, Мишел Камило, Ентони Џексон, но
неговата популарност ќе процвета токму со влезот во Електрик бенд на Чик Корија.
Басистот Џон Патитучи добитник на бројни награди и со бројни изданија и настапи зад
себе, е легенда сам за себе, некои ќеодат до крајност и ќе кажат дека таков музичар
нема повторно да се роди, потоа добитникот на Греми, саксоофонистот Ерик
Мариентал со зад себе огромна дискографија и австралијанецот Френк Гембејл на
гитара…
Ми се допадна една изјава дека ‘Чик Корија и Електрик бенд’ се појавиле во 86 година
како гром од ведро небо. Нивната музика е мошне специфична. Се работи за луѓе кои
што создаваат магија на сцената“, рече Хаџи Стефанов. „Чик Корија и Електрик бенд
се појавија во вистинско време, кога компакт дискот беше нов формат. Додека живеев
во Њујорк имав можност одблиску да се запознаам со нивната музика и со се она што
околу нив се случуваше. И со вој проект, Чик Корија успеа да се измисли самиот себе
си по не знам кој пат. А, тоа само тој може да го направи. А, музичката индустрија тоа
добро го искористи.“
Хаџи Стефанов истакна дека не верувал оти вој состав повторно ќе се сплоти и дека ќе
прави концертна турнеја.
Влезниците за концертот на легендарниот џез-состав се веќе во продажба преку
продажната мрежа на Купи карти за се и цените се движат од 990 до 3.000 денари во
зависност од местоположбата.
Она што за овој концерт е исто така значајно, е што ќе се реализира со сосема нова
звучна опрема.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!