Четврток, 22 јули на МРТ 1 по централниот дневник ќе се емитува „Мажестик“, режиран од Франк Дарабонт, сценарист и режисер кој зад себе има три номинации за Оскар и тоа за сценарио на филмот „Откуп во Шошенек“, како и за сценарио и режија на „Зелената милја“.
Двата филма се настанати според приказните од Стивен Кинг. И во „Мажестик“ се чувствува дарабонтовата чувствителност за атмосфера, склоност кој јунаци со висока емотивност, храброст да биде патетичен и недвојбена поделба на доброто и злото каде нема место ниту за најмал сомнеж што се вистински, проверени човечки вредности.
Холивуд, 1951 година. Во киното играат хитовите како „Африканска кралица“ и „Трамвајот наречен желба“ и трае хајката на наводните комунисти. Еден од холивудските сценаристи е и Петер Ејпелтон, кој заработува пишувајќи комерцијални сценарија. Не оптеретувајќи се ниту со уметноста ниту со принципите, животот му е лесен, се додека не се најде на црната листа на автори кои се обвинети дека се комунисти.
Знаејќи дека му следи губење на работата, Ејплтон седнува во автомобилот и тргнува во бесцелно возење. Меѓутоа, доживува сообраќајна несреќа, слетувајќи од мостот во реката и од бессонание се буди на друг брег во непознато место, со амнезија.
Дознава дека се наоѓа во градчето Лавсон и се изненадува дека сите кои го среќаваат му велат дека ги потсетува на некого. Тајната ќе ја разреши старецот Хери Тримбл, кој тврди дека Питер е неговиот син Лук, кој веројатно погинал во војната, но неговите остатоци некогаш не биле пронајдени. Кога ќе јазапознае Адел, која била Луковата девојка, се заљубува во неа и со сета сила се обидува да се сети на својот стар живот.
Во меѓувреме со Хери Тримбл го обновуваат старото кино Мажестик, кое останало запуштено уште од војната…
По приказната, структурата, главните јунаци и мирното темпо, филмот потсетува на вистински стари добри филмови после кои гледачот е задоволен што се добро се завршило. За Џим Кери не треба особено да се зборува, бидејќи тоа е актер кој може успешно да ја одигра било која улога. Овој филм е добитник на награда на американското здружение за политички филм за демократичност.
Во петок, по полноќ ќе го гледате “The Tag”. Филмот е инспириран од неверојатна вистинска приказна. Еднаш годишно, петмина пријатели кои сакаат да се натпреваруваат, поминуваат цел месец и играат игра, која ја играат уште од прво одделение. Сите се на 40-годишна возраст, повеќе или помалку успешни и реализирани, а последните дваесет-триесет години меѓусебно се бркаат на неверојатни начини, во несекојдневни ситуации.
Но, притоа ја ризикуваат работата и меѓусебните односи. Оваа година играта се совпаѓа со датумот на венчавката на единствениот непоразен натпреварувач, кој треба да биде лесна цел.Но, тој ги чека..и подготвен е да се соочи со нив.
И во сабота навечер, по 23 часот следува “Крвавиот дијамант”. а време на граѓанската војна и хаосот што владее во Сиера Леоне во 90-тите години на минатиот век, јужноафриканскиот платеник Дени Арчер и Соломон Варди, рибар од племето Менда, се здружуваат во заеднички потфат. Тие треба да го пронајдат реткиот и скапоцен дијамант кој може да ги смени нивните животи.
Додека бил во затвор заради криумчарење, Арчер дознава дека Соломон, кој бил киднапиран од своето семејство и принуден да работи на полињата со дијаманти, пронашол исклучителен, необработен камен. Со помош на американската новинарка Меди Бовен, чиј идеализам се доведува во прашање како што ја продлабочува својата врска со Арчер, тргнуваат на патување низ територијата на бунтовниците за да го спасат семејството на Соломон и да му пружи на Арчер нова можност, кој мислел дека никогаш нема да ја добие.
Режијата е на Едвард Звик, филмот е номиниран за 5 Оскари а глумецот ЏајмонУнсу добил многу награди и признанија.
Дани | ТВ Пакет