Тик ток сензацијата Татјана Павловска од Бор или Teya Dora, позната по хит баладата “Џанум”, е српскиот претставник на Евровизија во Шведска оваа година со песната “Рамонда”.
Таа беше прва од жирито и втора според СМС гласовите на вчерашниот српски избор за Песна за Европа. Победник кај публиката беше Бресквица со песната Гнездо орлово. Зорја беше трета, а четврта беше српската претставничка од 2022 година – Констракта.
Победничката Teya Dora ќе настапи во првото полуфинале на Евровизија и ќе се бори со други 14 земји за влез во спектакуларното финале.
Македонија втора година по ред не учествува на Евровизија, па затоа со огромно внимание, гледачите и фановите го следеа вчерашниот одлично подготвен избор за Европа на соседна Србија.
Во моментов на обложувалниците прва е Хрватска со песната “Rim tam digi dam” на Baby Lasagna, кој заедно со Словенија и Raiven се во првото полуфинале на Евровизија.
Дани | ТВ Пакет