“Чекор напред” е шпанска тинејџерска серија во 6 сезони. Серијата е настаната според американската тв серија од 80те – “Fame” (Слава). Најпрво започна со прикажување во Шпанија на каналот Антена 3 од 2002 година сè до 2005 година каде што привлече повеќе од 3 милиони гледачи.
Кај нас серијата се емитуваше на Македонската радиотелевизија, а беше неколкупати репризирана и на локалните телевизии. Сега повторно летно уживање за македонските гледачи и тоа секојдневно на кабелската Нова С телевизија со македонски титл во 17 и во 11 часот наутро. Во продолжение потсетете се на содржината на “Un paso adelante” :
Престижната Школа за сценски уметности „Кармен Аранс“ секоја година прима по дваесет ученици, талентирани за музика, танц и глума. Оваа школа ја отворила некогаш познатата глумица Кармен Аранс (Лола Херера), која се труди од талентираните деца да направи ѕвезди. Иако повеќе од стотина од нив се пријавуваат за упис секоја година, само дваесет од нив влегуваат. Оние кои ќе влезат во школата, земаат часови за модерен балет, класичен балет, пеење, музика, глума и историја на уметност, а подоцна и специјални вештини.
Серијата не го следи само животот на учениците, туку и на нивните професори, а и на самата Кармен Аранс. Старите Римјани рекле: „трнлив е патот до славата“, и учениците од оваа школа повеќе пати се увериле во тоа. Младите херои низ тешките животни лекции сфаќаат колку голема жртва е потребно за да се стане најдобар, но и која е вредноста на вистинското пријателство.
Дани | ТВ Пакет