Вечерва, 6 јануари, со почеток во 21 часот, Македонската телевизија уште еднаш ќе го понуди за своите гледачи филмот кој достигна неверојатна телевизиска гледаност и разви големи дискусии на социјалните мрежи.
„Тома“ е еден импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.
Приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Приказна за душата во која уживаа и повторно празнично ќе ужива македонската публика.
Дани | ТВ Пакет