Почетна / МК Сцена / Тони Андреев ќе преработи постара песна на Саша Ковачевиќ

Тони Андреев ќе преработи постара песна на Саша Ковачевиќ

Младиот и талентиран пејач Тони Андреев во наредниот период ќе ја изненади својата публика со ново музичко парче во соработка со балканската ѕвезда Саша Ковачевиќ.

Имено, станува збор за преработка на подзаборавен хит на Саша Ковачевиќ кој е снимен пред 10 години. Песната тогаш не добила видеозапис и била пуштена да се врти само на радио станиците, но кога Ковачевиќ неодамна го запознал Андреев и слушнал како пее, одлучил да му одобри да направи преработка и да го поддржи за оваа песна повторно да биде достапна за јавноста.

Саша е уште еден пример дека големите луѓе се толку едноставни… Посебно ми е мило што ми одобри да преработам една негова постара песна, а моментот што ме покани да ја делам бината со него на неговиот концертот во Скопје ќе го паметам цел живот, искрено не очекував дека така ќе ме прифати, открива Андреев за дружењето со Ковачевиќ.

Како потсетување, Тони Андреев на македонската јавност и е познат по своите енергични настапи кои ги има во дискотеките ширум Македонија. Потекнува од музичко семејство, неговиот татко Златко Андреев е реномиран професор по кларинет и има добиено бројни награди и признанија, додека Тони своите чекори во музичките води ги прави уште во основното образование каде ги собира сите награди и пофалби. Денеска е студент на отсек гитара на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!