Популарното забавно шоу “Опуштено” се враќа на малите екрани, по неколку години пауза.
Емисијата стекна голема популарност особено меѓу младите гледачи, а се емитуваше најпрвин на Сител, потоа на А1 и на МРТ 1.
Сега, по пет години пауза, шоуто со поинаков концепт се враќа на телевизија Алфа. Секој петок во 22.30 часот нова доза смеа, забава и хумор со Тони Михајловски и неговите интересни гости. Део нема да биде дел од шоуто, со оглед на тоа што не живее во моментов во земјава.
Нина Јанева е гостинка во првата емисија
Дани | ТВ Пакет