Oд четвртокот, 10 ноември 2022 година, националната Канал 5 телевизија не е дел од програмската понуда на Тотал ТВ, како еден од најзначајните провајдери на дигитална сателитска телевизија во Македонија и регионот.
До нашата редакција стигнаа прашања и барања да објавиме за овој нов момент во телевизиската сфера затоа што добар дел од гледачите се оневозможени да ги следат новите сезони на “Ѕвезде Гранда” и “Никад није касно”, како и премиерните епизоди од најомиленото “Забрането јаболко” и политичката дебата “Само вистина”.
Во продолжение ви го пренесуваме официјалниот одговор од Тотал ТВ во врска со настанатиот проблем со Канал 5 :
– “Канал 5 во моментов не е дел од понудата на Тотал ТВ бидејќи Канал 5 преку уцена бара од нашите претплатници да плаќаат одреден дополнителен износ за да ја гледаат оваа телевизија, додека од останатите оператори, тоа не го бараат. Додека не се разреши ситуацијата со Канал 5, ние нема да го ре-емитуваме.”
| ТВ Пакет