Андреј Трајковски со познатиот трап бренд Тракер од „Урбан Рекордс“ го промовираше видеото за својот нов сингл насловен како “VWBMW”. Песната е целосно во трап стил. Музиката е на самиот Тракер, додека аранжманот миксот и мастерингот се на добро познатиот продуцент Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е комплетно дело на режисерот Гордан Божиновски „Год-Ај Продукција“ (God Eye Production). Спотот е сниман на повеќе локации низ Скопје, каде на Тракер му се случува класичен грабеж. Повеќе детали ќе дознаете од видеото во продолжение…
Тракер е хип – хоп, рнб и трап артист кој активно се занимава со музика од 2009 год. Уште како дете на негови 14 години станува член од самите почетоци на продукцијата Урбан Рекордс. Годините позади себе има оставено многу битови и продуцира песни на многу други артисти.
Има настапувано со легендарниот Афу – Ра, Криско, Слаткаристика, Бед Копи, Тита, Павел и Венци Венц, Дара и CIA. Андреј бил гостин на многу фестивали во Македонија, но и на Плус фестивал во Бугарија. Уран Рекордс и Тракер на минатогодишните хип – хоп награди гордо ја понесоа наградата за “Најдобро рап видео 2018” со спотот на песната The GOAT.
Има снимано доста песни и соработки од кој најголеми хитови му се “Шампиони”, дуетот со Таско “Не ме боли”, и соработката со Два Бона за “Не ми дава мир” која има над 2,5 милиони прегледи на Јутуб.
Дани | ТВ Пакет