Почетна / Филм / Трилерот „Crash“ и „Rachael gets married“ овој викенд на МТВ 1

Трилерот „Crash“ и „Rachael gets married“ овој викенд на МТВ 1

Американскиот трилер “Заговор”, премиерно на МТВ 1 во сабота (2 ноември) во 20.15 часот. Дејството на филмот се одвива во блиска иднина, кога на американската економија ѝ се заканува финансиска криза.

Еден група на канцелариски криминалци предводена од Гај Клифтон, добива задача од сојузната влада да го спречи овој сајбер напад, кој може да ја доведе САД до банкрот. За прв пат во животот, Гај треба да носи одлуки не само за себе, туку за доброто на својата земја. Френк Грило, Мини Драјвер, Дијана Агрон, Ана Софија Роб во криминалистичкиот филм на Арам Рапапорт.

Во недела, пак, во 21 часот, следува семејна драма за крај на викендот. По 1о години, Ким се враќа во својот семеен дом за да присуствува на венчавката на својата сестра Рејчел. Нејзиното доаѓање ја пореметува веќе разнишаната домашна атмосфера и на комичен и впечатлив начин го отсликува семејниот портрет.

Извонредната артистичка екипа заедно со режисерот и сценаристот ги доловуваат сите драматични моменти на овие напорни, но интересни луѓе со иронична приврзаност и богат дух. Ен Хатавеј е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, токму за оваа улога.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!