Почина Хурем султан во најновата епизода на „Величествениот“
Во епизодата на 30 април на серијата „Величествениот“ која се емитуваше во Турција, умре главната јунакиња и вашата омилена, Хурем Султан. Тоа се случува на само неколку епизоди пред финалето на серијата кое ќе биде следниот месец во Турција, а на есен прикажано во Македонија.
Нејзината ера започна и заврши во прегратките на Сулејман. Дојде во харемот како робинка, а заврши запаметена како најмоќната жена во историјата на Османлиската империја. Пред смртта, Хурем султан се простила од Махидевран, нејзината вечна ривалка, а потоа и го посетила гробот на Ибрахим паша. Во следните епизоди се очекува и смртта на Величествениот и започнување на периодот на владеење на неговиот син Селим.
Дани Петковска | ТВ Пакет