Почетна / Сапуници / Турскатa „Девојка со црвена марама“ повторно на Дизи каналот

Турскатa „Девојка со црвена марама“ повторно на Дизи каналот

Наспроти интензивните случувања во „20 минути“, за оние кои сакаат авантура може да уживаат во серијата „Девојката со црвена марама“ секој работен ден од 20:50ч на кабловскиот Дизи.

“Девојката со црвена марама” зборува за големата љубов на Асије и Илјаз. Серијата е снимена врз основа на романот на Џингиз Алтматов и истоимен филм од 1978 година.

Девојката со црвена марама се вика Асије, млада и весела девојка која се противи на одлуката на своето конзервативно семејство да ја омажат за човек кој не го познава. Додека нејзините мајка, татко, браќа, сестрата и зетот се опседнати со договорениот брак, Асије сонува за вистинска љубов од бајките која ќе се роди во планинските предели во селото каде живее.

Еден ден во преубавите зелени полиња, Асије го запознава Илјаз. Неговото семејство живее во селцето, а тој е дојден тука за да учествува на трка со мотори. Најголема страст му се моторите, но неговиот строг татко упорно го убедува да не го прави тоа затоа што брат му загинал во несреќа со мотор.

Проблемите се појавуваат кога Илјаз на прво место ги става страста кон моторите, трките и парите наместо домот кој треба да го гради со Асије. Откако двајцата ќе се разделат, нивните животи стануваат сѐ подраматични.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!