Почетна / Сапуници / Турската драма за „Девојката“ на Канал 5 во 21:20 часот

Турската драма за „Девојката“ на Канал 5 во 21:20 часот

По летната тинејџерска серија “Слушни ме”, од понеделник (4 септември) на Канал 5 телевизија ќе се емитува новата турска драма “Девојката”. Познатиот актер од Бурни времиња, Солзи на есента, Парампарче, Дила, Осудени на љубов и Белото памукче се враќа на малите екрани во една нова специфична улога од понеделник до петок во 21.20 часот.

Серијата зборува за младата Зејнеп која сонува да стане позната инфлуенсерка на социјалните мрежи и на тој начин да избега од сиромашниот живот. Но, додека таа се обидува да го постигне тоа, ќе мора секојдневно да се грижи за својот татко, кој е човек со посебни ментални потреби.

Тоа е 45 годишен маж со ум и емоции на пет годишно дете. Човек, кој од самото раѓање е осуден на еден таков живот, да се смее, да плаче, да си игра како да е мало детенце. Зејнеп постојано се жртвува за својот татко, но едноставно нејзината желба да замине од таа мала куќа е поголема од било што друго.

Да замине од малата соба во која не може да се смести ни самата таа, а не па нејзините братучеди. Да замине од домот во кој го трпи нејзиниот вујко и ја гледа исцрпеноста на нејзината вујна, да замине од таков сиромашен и мизерен живот.

За да го прехрани семејството, Зејнеп работи како чистачка во богатата вила на инфлуенсерот Озан, чиј начин на живот е тоа од кое таа самата се восхитува и посакува да го живее. Таа е потајно вљубена во Озан и токму тогаш и токму во вилата се чувствува убаво, слободно, среќно.

Еден ден, во таа куќа, таа се среќава со бизнисменката Ситаре која поседува агенција и е управител на голем број од инфлуенсерските профили на социјалните мрежи. Средбата со оваа жена ќе го промени животот на нашата Зејнеп, но ќе донесе и немир и интриги на патот кон целта, кој е макотрпен, но не и недостижен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!