Актерката од “Аси”, “Пари и љубов”, “Девојката со марама” и “Украдено минато”, Туба Бујукустун повторно се враќа на малите екрани во трилер серијата „20 минути” на кабловскиот Дизи канал во 20 часот.
Mелек е модерна и убава девојка, која живее среќно заедно со нејзиниот сопруг и децата. Сопственичка е на слаткарница, и ужива во времето на подготвување на торти. Нејзиниот маж Али работи како професор по историја на факултет. Но, една ноќ ќе смени сѐ во нивните животи.
Ноќта, кога Али и Мелек го празнуваат купувањето на нова куќа, се претвора во нивен најголем кошмар. Сосема неочекувано и насилно, полицијата упаѓа во нивната куќа и ја апси Мелек за извршено злосторство. Ниту на Мелек, а ниту на Али, не им е јасно што се случува во тие трауматични 20 минути, но полека стануваат свесни дека ништо повеќе нема да биде исто.
Мелек е осудена за убиство на некој човек, затоа што на пиштолот биле најдени отпечатоци од нејзините прсти. Али не може да најде никаков доказ кој ќе ја докаже невиноста на неговата жена, а очајот и немоќта го тераат да кова секакви планови како би ја спасил Мелек од затвор.
Така го наоѓа итриот Кеди, кој неколкупати успешно побегнал од затвор, и кој сега треба да ѝ помогне на Мелек да побегне од зад затворските решетки.
Дани | ТВ Пакет