Почетна / Сапуници / Турската убавица Седа Бакан откри дека е трудна

Турската убавица Седа Бакан откри дека е трудна

Успешната турска актерка која во 2014 година стапи во брак со музичарот Али Ерел, во август 2019 година за прв пат стана мајка откако се роди нејзината ќерка Лејла. Малата Лејла, која често е дел од фотографиите на Седа на социјалните медиуми, претставува центар на светот на нејзините родители.

Од неодамна, познатата глумица со босанско потекло преку објава на Инстаграм откри дека е повторно трудна. Имено, таа и нејзиниот сопруг, го очекуваат своето второ дете. Актерката во објавата го откри и полот на бебето.
„Носам уште едно девојче. Бремена сум во четвртиот месец.“, напиша Седа.

Во изјава за новинарите, на прашањето „Како ја поминувате бременоста?“, Седа одговори: „Бременоста оди многу добро. Се чувствувам среќно.“ Седа изјави дека сеуште не знаат кое име ќе и го дадат на малата кога ќе се роди, но и дека со сопругот постојано преговараат за нивните желби.

Изјавувајќи дека се поправила 10 килограми, актерката рече: „Во првата бременост накачив 30 килограми, но сега мислам дека нема да се здебелам толку многу“.

Кај нас, Седа е позната по улогите во “Добриот доктор” и „Дозволи да те сакам“, одамна емитувана на Канал 5, а сега на кабловскиот Дизи репризно.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!