Почетна / Сапуници / Турскиот Бред Пит го крсти синот по ликот во една серија

Турскиот Бред Пит го крсти синот по ликот во една серија

Киванч Татлитуг, главниот лик во серијата „Украдено минато“ на Dizi, веќе цел месец го доживува чувството на татковство, со среќата што го дава ова ново искуство како родител. Тој конечно го даде своето прво интервју во најважната улога во животот – улогата на татко.

Но, покрај убавата вест за раѓањето на неговиот син, она што веднаш паѓа во очи кај новиот татко и познат глумец на неговиот Инстаграм профил е неговиот нов имиџ без мустаќи.

Не премиерата на неговиот најнов проект, Киванч со неговиот нов стил го сподели чувството и досегашното искуство со малиот син Курт Ефе. Тој изрази голема благодарност за топлиот одзив на публиката по повод раѓањето на синот и зборуваше и за неспоредливото чувство што му го дал неговиот син, велејќи: „Ова е најубавото чувство на светот, не можам да најдам зборови!“

Зборувајќи за значењето на името Курт Ефе, актерот рече дека откри дека и двете имиња имаат посебно значење. „Курт“, беше инспирирано од негов претходен проект, серијата “Снеговите на љубовта” каде тој толкуваше лик кој беше многу значаен за него. „Ефе“ стои со цел да му пренесе порака на синчето: да биде добар за себе и за своето семејство, но и за својата нација.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!