Телевизија 24 со задоволство ги претстави учениците од четвртото ниво на школата за знаковен јазик кои го прифатија предизвикот на нивната менторка Соња Кимова за во вестите во 20 часот, да ја толкуваат македонската преработка на познатата песна „Бела, чао!“, која дуото Дац и Александар Митевски ја преименуваа во „Корона, чао!“.
Оваа верзија, од денеска е достапна и за лицата со оштетен слух и говор.
Среќни сме што како телевизија станавме препознатливи во јавноста, како прв приватен медиум кој ги толкува своите содржини на знаковен јазик. Уживајте во следните неколку минути, заедно со Стерја, Викторија, Тина, Анита, Маја, Ивана, Наташа, Анела, Александра, Елена, Зорица, Стојан, Верче, Весна и со Марија кои учествуваат во оваа преработка. – изјавија од ТВ 24.
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/611694986225838/?t=19
Дани | ТВ Пакет