По репризата на руската костимирана драма за Екатерина Втора, ТВ 24 продолжува со репризи во терминот од 22.30 часот, во кој другите телевизии емитуваат премиерни серии и емисии.
Па така, следна на ред е репризата на мини серијата “Софија”, за чии потреби на снимање се адаптирани вистински замоци со прекрасен ентериер.
По падот на Византија, децата на Тома Палеолог, братот на последниот византиски император, се нашле во Рим, под покровителство на папата. За да ја потчини Руската православна црква, папата ја испраќа Софија во далечната Москва, да биде сопруга на големиот војвода Јован III.
На почетокот, Софија сака само да го освои срцето на својот сопруг, но наскоро во Москва наоѓа нова татковина, љубов и надеж за создавање на нова православна империја.
Софија Палеолог влезе во историјата како големата војвотка од Москва и баба на првиот руски цар Иван Грозниот.
Дани | ТВ Пакет