Секој вторник и среда во 19 часот, на местото од неколкупати репризираните “Мамини синови”, телевизија 24 одлучи оваа сезона да понуди конечно нешто ново од српската продукција. Уште една ситуациона комедија, снимена од Прва српска телевизија во 2016-та година.
“Немој да звоцаш” е комична серија која ни прикажува заеднички живот на три генерации – млад пар, кој допрва започнува да живее под ист кров, средовечен пар кој е во криза во тие години и еден зрел пар, кој доброто и злото го делат веќе 45 години. Низ нивните секојдневни доживувања, гледачите ќе се поистоветуваат со секојдневните ситуации на заедничко живеење.
Уште во првата епизода, ги запознаваме Симка, наставничката во пензија и Бата, полицаецот во пензија, кои сите 45 години живееле под паролата “ко се воли, тај се бие”. Покрај нив, тука се и Марина и Илија, како и младите Боки и Нина. Во станот на Боки и Нина се вселуваат Слаѓа и Мило, кои дополнително даваат урнебесен шмек на целата приказна.
Сека Саблиќ, Боро Стјепановиќ, Милена Васиќ, Милена Живановиќ, Петар Стругар и Урош Јаковлевиќ се едни од главните улоги во “Ај не замарај”, секој вторник и секоја среда на ТВ 24.
Дани | ТВ Пакет