Медиумите се соочуваат со сериозен предизвик и работа во услови кои досега не беа познати. Вирусот не познава граници, не бира кој ќе го зафати. Еден од најдобрите новинари во земјава, Гоце Михајловски од Канал 5 телевизија не остана имун и е првиот новинар кој се зарази од Корона вирусот.
Михајловски во моментов е во стабилна состојба и веќе е сместен во болницата “8 септември”. ТВ Пакет, како единствен специјализиран портал кој се занимава со телевизиските содржини и работата на медиумските работници, посакува што побрзо опоравување на Гоце, кој ниту сакал да биде заразен, а најмалку пак тој да биде трансмитерот и да придонесе за евентуално заразување на трети лица.
Целосна поддршка од сите нас до Гоце Михајловски и сите вработени во Канал 5 телевизија, која е една од водечките и најгледани телевизии во земјава. Сосема професионално, телевизијата од самиот почеток ги има превземено сите мерки за заштита на своите вработени и притоа информираат:
- Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири за дополнитена заштита.
Дани | ТВ Пакет