Се сеќавате ли на топплата и тажна приказна за Чела, емитувана одамна на А1 телевизија во утринскиот стандарден термин за теленовели.
“Мојата роднина Чела” е венецуелска серија која низ 152 епизоди ни претстави приказна за една неверојатна љубовна магија која постоеше меѓу главните ликови, кои од почетокот до крајот се бореа за таа љубов, која го победи животот и стигна до небото.
Грациела “Чела” е најмладата ќерка во едно скромно и весело семејство. Таа се вљубува во Давид, локален заводник, чија омилена забава е лажењето на девојките, се додека не ја запознае Грациела и комплетно не се смени заради неа.
Токму кога нивната љубов добива на интензитет, Чела ја дознава страшната вистина, има леукемија и мора да замине на лекување, но истовремено ќе ја дознае и вистината за нејзиното потекло, а од тоа ќе зависи и нејзиниот живот.
Серијата ја прикажува тешката борба на Видо и Чела против болеста, а во последната епизода, Чела умира, оставајќи ја целата фамилија уништена од големата загуба, а најмногу нејизниот Видо, кој останува да се грижи за нивните две деца, малите Видито и Сиелита.
Во улогата на Чела ја гледавме Моника Спеар, актерка која пред неколку години трагично го заврши својот живот, како и нејзината хероина Чела.
Моника беше убиена од венецуелски банди и како и Чела, умре млада, зад себе оставајќи го сопругот и ќеркичката.
Чела умре млада, но остави зад себе големо богатство – нејзините деца и човекот кој ја сакаше повеќе од себеси. Беше среќна во нејзиниот краток живот. Ги сакаше сите кои имаа прилика да ја знаат. Умре среќна знаејќи дека нејзините деца ќе живеат во среќа и слобода, а нејзината љубов беше толку голема што ги надмина границите за животот (Видо) и небото (Сиела).
Дани | ТВ Пакет