Почетна / Сапуници / ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на новелата „Марија Бонита“

ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на новелата „Марија Бонита“

“Марија Бонита” е колумбиска теленовела од 1995 година каде главната улога ја толкуваше популарната Адела Нориега. Теленовелата е базирана на приказната за “Грофот Монтекристо” со изразити модификации. Главната машка улога ја толкуваше Фернандо Аленде во улогите на Хозе Сантос и Дамар Сантојо.

Серијата кај нас се прикажуваше на локалните телевизии во почетокот на ерата на теленовелите и ќе остане запаметена по апсурдниот крај, кога главната јунакиња трагично умира. Насловната нумера на серијата ја пееше Адела Нориега.

Серијата ја следеше приказната за пејачката Марија, со уметничко име “Марија Бонита”. Заплетот настанува кога девојката ќе настапи на прославата на претседателот на еден остров, а истовремено во неа ќе се вљубат самиот претседател, неговиот син Родриго и неговиот внук Клаудио. Но, срцето на Марија му припадна на дивјакот од планината – Хосе Сантос, кој е вонбрачен син на претседателот.

Семејството на претседателот ќе се сврти против Марија и Хосе Сантос, затоа што не сакаат тие двајцата да станат дел од семејството. Така, злобната еднорака тетка Либија ќе му намести убиство на Хосе Сантос, за што тој ќе биде уапсен, а Марија Бонита ќе мора сама да се бори понатаму во животот.

Следуваше борба на сиромашната Марија Бонита за среќа и љубов. Борба, во која ќе почне да се грижи за сирачето Анхелика, но судбината нема да биде блага кон неа, па така на крајот, девојката умира, завршувајќи во една бездна.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!