Почетна / Сапуници / ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на првата емитувана руска серија

ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на првата емитувана руска серија

“Никогаш не вели никогаш” е првата руска теленовела прикажана во Македонија. На А1 беше преведена Никогаш не вели никогаш, иако вистинскиот наслов е Секогаш вели секогаш, создаден по аналогија на Never say never од филмовите за Џејмс Бонд. Во 2004 година, серијата добила две награди за најдобра серија на годината и за најдобро сценарио.

Приказната го прати мирниот и спокоен живот на Олга заедно со сопругот и нивните две деца во едно мало руско гратче. Нејзиниот живот се менува во моментот кога сопругот ќе се вљуби во друга жена со која ќе направат голема финансиска измама во фирмата на Олга. Олга како сопственик е обвинета за измамата, осудена е и обвинета на две години затвор.

Во затворот доаѓаат тешки денови за Олга, која тагува по своите деца, а пак сопругот успева да добие старателство над нив и да ги однесе во Москва, каде што Олга нема да ги види. По две години, Олга излегува од затвор и нејзиниот живот почнува од почеток.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!