Почетна / Сапуници / „Украдено дете” – нова играна серија на Канал 5 во 19:40 часот

„Украдено дете” – нова играна серија на Канал 5 во 19:40 часот

Постои ли сила што може да го промени човекот? Постојат рани коишто никогаш не зараснуваат. “Украдено дете”, нова турска надсинхронизирана серија од среда (5 октомври) на Канал 5 телевизија. Во продолжение ве запознаваме со содржината на оваа најнова потресна приказна :

Дефне и Чинар го очекуваат своето прво дете. Радоста е голема во големата куќа, а најголема поддршка за време на бременоста, Дефне добива од својата верна слугинка, Мерием. За Дефне претставува голема радост што и нејзината слугинка е исто така бремена, па двете заедно ги очекуваат своите бебиња да дојдат на свет.

Но, дента кога Дефне го раѓа своето бебе е дента кога започнува најголемиот кошмар за неа. Бебето е киднапирано од болницата, а полицијата веднаш започнува истрага.

Во потрагата по детето се вклучува и поранешниот сопруг на Дефне што предизвикува љубомора и гнев кај Чинар. На тест е ставен бракот, но и разумот на младата мајка. Секој ден, секоја минута, секоја секунда, таа се бори да го најде своето дете, а поддршка и овојпат ќе добива од слугинката Мерием.

Но, она што никој не може да го претпостави е дека Мерием е таа која ја лажирала сопствената бременост и всушност таа е киднаперот на бебето. Најголемата пријателка на Дефне се испоставува дека е нејзин најголем непријател.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!