Почетна / Серии / Уште од мај, Телма почна со репризи – „Биро“ повторно во прајмтајм
Една од најсимнуваните европски серии во САД базирана на вистините стории репризно на Телма. Од 19 мај во 20.20 часот

Уште од мај, Телма почна со репризи – „Биро“ повторно во прајмтајм

“Биро” (оригинален наслов: Le Bureau des Légendes) е француска политичка трилер серија емитувана на Телма минатата сезона. Сега повторно на истата фреквенција во истиот термин, и тоа во прајмтајм.

Додека другите национални телевизии како Сител, Канал 5 и Алсат емитуваат премиерна програма во ударен термин, Телма уште во мај започнува со репризи на емитувани серии.

Тајните агенти отсекогаш биле привлечни за телевизиската и филмската публика. Телма ви овозможува повторно да ѕирнете во француската верзија на оваа фиктивна авантура полна со современи и вистински предизвици како што се радикалните војници на ИСИС, руско-украинскиот судир, иранската нуклеарна програма.

Бирото се фокусира на секојдневниот живот и мисиите на агентите во француската Генерална дирекција за надворешна безбедност, нејзината главна служба за надворешна безбедност. Тоа биро е одговорно за обука и следење на агенти во долгорочни мисии во области од француски интерес, особено во Северна Африка и Блискиот Исток.

Живеејќи со години под лажен идентитет, мисијата на овие агенти е да идентификуваат и регрутираат добри разузнавачки извори.

Во центарот на дејстовото е разузнавачот Гијом Дебаили, со кодно име „Малотру“ кој се враќа во Париз по шестгодишен таен престој во Дамаск, Сирија.

Тој сега ќе мора да се соочи со предизвикот повторно да се поврзе со ќерката, поранешната сопруга и колегите. Но, неговото враќање во „нормалниот живот“ се покажува тешко, особено кога открива дека Надја, која беше негова љубов во Дамаск, сега е исто така во Париз.

Но, враќањето во семејството оди потешко од снаоѓањето во неговата нова мисија во службата. Бидејќи од Сирија доаѓа неговиот извор, научничката Надија, уште една жена со која ги поминал 6-те сириски години во блиска врска.

Расплетот кој се одвива од Париз преку северноафриканските пустински предели до тајните седишта на терористичката закана за Франција.

Покрај критиката, „Биро“ и Malotru ги одушевија и гледачите, затоа што овој шпионски трилер стана најпосакуваната француска и европска серија за гледачите во Канада, Британија и САД.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!