Асија e млада жена со успешна кариера како доктор и со навидум совршен живот покрај нејзиниот сопруг Волкан и нивниот син тинејџер Али. Волкан e архитект, внимателен и грижлив сопруг и татко, но зад улогата на сопруг, се надзира една голема тајна.
Асија му верува со сето свое срце, верува дека е совршен човек, сопруг и татко на нивното дете, но целата нејзина среќа како да се руши во моментот кога наоѓа едно русо женско влакно од коса на неговиот капут.
Од тој момент се јавуваат сомнежи кај Асија која започнува истрага за да открие дали нејзиниот сопрг ја изневерува. Истрагата ја започнува сама, свесна за тоа што може да го открие, но храбра и силна, сакајќи да си ги докаже сопствените стравови.
Почнува да го следи, почнува да ја губи концетрацијата на работа, почнува да гледа соперничка во секоја девојка со руса коса од нејзиното и неговото опкружување.
Што ќе открие Асија веќе во следните епизоди? Дали Волкан ја изневерува или нешто друго се крие зад сето тоа?
“Неверство”, нова извонредна психолошка драма на Сител. Од понеделник до петок во 21.20 часот.
Дани | ТВ Пакет