Од понеделник до петок на Канал 5 се емитува новата посластица за љубителите на турските класики.
Од срцето на Анадолија директно на малите екрани во Македонија пристигна “Одмазда”, една од најнаградуваните серии од последните години.
Во продолжение, запознајте го главното сиже на приказната за безвременската љубов на Али и Мави:
Али е син на богато турско семејство oд Анадолија, човек во триесеттите години. Тој лежи во затвор долго време, осуден за убиство на човек по име Ахмет.
И додека ги минува деновите зад решетки далеку од дома и од своето семејство, Али разменува писма од затворот со девојка по име Мави.
Кога ќе заврши казната на Али, Мави доаѓа да го пречека првиот ден откако го пуштаат од затвор. Али и Мави речиси се познаваат, благодарение на писмата што ги испраќаа еден на друг и тоа влијаело да и двајцата да веќе знаат што сакаат и што чувствуваат.
Но, чувствата кријат една голема тајна затоа што намерата на Мави е сосема поинаква. Таа е сестра на убиениот Ахмет за кој Али е обвинет и лежел во зандана.
Нејзината желба за одмазда е поголема од сѐ друго, а нејзиниот план е да се омажи за Али и да го убие на нивната брачна ноќ, бидејќи нејзиниот брат исто така бил убиен на неговата свадба.
Но, таа не ја знае горката вистина. Вистинскиот убиец на нејзиниот брат не е Али, туку Џемал, братот на Али.
Али ја превзел вината на брата си затоа што Џемал е оженет и има дете.
Но, и Али веќе знае која е Мави; ја видел нејзината лична карта за време на процедурата за брак, но молчи во име на големата љубов што ја чувствува кон неа.
Али ја носи девојката во конакот каде сите од фамилијата се зачудени за ненадејната одлука на агата да се ожени со непозната девојка.
На денот на венчавката, Мави ќе го оствари совјот план и ќе го прободе Али, но сега е време за условот да го поставува младоженецот.
Тој нема да ја пријави за обид за убиство, само доколку таа прифати да живее со него во големиот семеен конак.
Иако се противи, Мави не гледа друг избор во моментот освен да го прифати непристојниот предлог, па така започнува нејзината приказна во местото каде секој паѓа на колена пред традицијата и суровоста на строгите конзервативни правила.
Омразата постепено се претвора во љубов, а љубовта станува заробеничка на големата желба за одмазда под страшните окови на традицијата.
Дани | ТВ Пакет