“Friends” е една од најпопуларните серии на сите времиња, која пред 25 години се емитуваше во повеќе од 100 земји. Најгледана телевизиска серија која уште од првата сезона во 1994 година, 30 пати беше номинирана за престижната награда „Еми“, многупати номинирана за „Златен глобус“, и освои други награди и признанија.
Шесмина пријатели од Њујорк кои во 10 сезони го достигнаа врвот на гледаност со години наназад. Последната епизода од серијата која се емитуваше во 2004-тата ја гледале рекордни 52 милиони Американци и стана најгледана епизода за 2000 година.
„ Пријателите“ ја започнуваат својата долгогодишна авантура на програмата на МТВ, од понеделник до петок, секој работен ден во 21.45 часот. Репризните изданија се наредниот ден во 13.25 часот.
Џенифер Анистон, Кортни Кокс Аркет, Лиза Кудроу, Мет ЛеБланк и Метју Пери повторно ќе ве засмеваат со нивните легендарни реплики, досетки и ситуации.
Дани | ТВ Пакет