Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Васко Попетревски и „360 степени” од Алсат преминуваат на МРТ ?

Васко Попетревски и „360 степени” од Алсат преминуваат на МРТ ?

Информациите кои стигнаа до тимот на ТВ Пакет говорат дека популарната дебатна емисија “360 степени” менува фреквенција на емитување.

Дали ТВ емисијата од Алсат М се сели на МРТ чија нова сезона се очекува да започне овој месец? Која би била причината што по толку години соработка, “пукна тиквата” меѓу Васко Попетревски и Алсат М ?

Дали можеби серијата на прилози за Бехтел и Енка во последните емитувани емисии на Алсат М телевизија влијаеa да сопствеништвото на Алсат реши да ја симне емисијата од тв екраните? Да потсетиме дека последните две три емисии од минатата сезона беа емитувани само на интернет, но не и на телевизија.

Што навистина се случило, не знаеме, а дали информацијата за трансфер на емисијата е вистинита, останува да почекаме некој ден и да увидиме.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!