Почетна / Сапуници / Ве потсетуваме на популарната теленовела „Другата во мене“

Ве потсетуваме на популарната теленовела „Другата во мене“

Македонската телевизија направи огромен бум на времето кога започна со прикажување на латиноамерикански теленовели. По првата, легендарната и најуспешната “Касандра”, во телевизиската сезона веднаш потоа во 20 часот беше емитувана “Другата во мене” која исто како и претходната, доживеа огромна популарност и гледаност.

Девојките во земјава своевремено се поистоветуваа со Лилијана и Валентина, кои беа главни хероини на приказната за двете сестри близначки. А самиот наслов се памети и користи и ден денес – Другата во мене.

Лилијана и Валентина се разделени на самото раѓање од страна на злобната и богата Карлота. Скромната Лилијана расте во сиромашна средина со нејзините родители, а пак амбициозната Валентина расте во сосема друга фамилија, окружена во богатство и раскош.

Сиромаштијата во која израснала Лилијана ја научила на труд и воспитување. Таа е мила, добра исполнета со љубов и нежност, благодарна и на најмалото нешто кое го добива од животот. Додека пак на Валентина душата и е полна со темни и злобни чувства.

Богатството и развратот направиле студена и бескруполозна девојка од неа, предадена на забава, манекенство, алкохол, дрога… Еден ден Валентина доживува страшна сообраќајна несреќа, по што нема да може никогаш повеќе да се занимава како манекенка.

Но, злобната Карлота не може да го прифати тој факт и затоа е решена брендот “Валентина” никогаш да не згасне. Одлучна е да најде девојка која ќе ја замени нејзината “ќерка” Валентина, и никој да не забележи дека Валентина не е повеќе на модните писти.

Но, случајната средба со Лилијана ќе ја шокира Валентина, но и Карлота. Кога ќе се сретнат двете сестри, и двете гледаат исто огледало пред себе.

Не можат да поверуваат дека си наликуваат и тоа толку многу. Злобната Катлора решава да ја земе во предвид приликата со “непознатата”, а Лилијана има потреба од пари, па затоа сака да стане модел.

Тие се договараат Лилијана да го промени изгледот и да глуми дека е Валентина, но потоа и двете сестри се заљубуваат во истиот маж. Игри на телепатска манипулација, семејни тајни, интриги и неизвесност до самиот крај.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!