Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и кандидат за иден премиер на Македонија, професор Христијан Мицкоски вечерва е гостин во Дневникот на телевизија Сител – точно во 19 часот.
Што ќе каже господинот Мицкоски пред започнување на предизборниот молк? Каква порака ќе упати лидерот на ВМРО до граѓаните на Република Македонија?
Во меѓувреме, објавено е Писмо од Македонија, во кое Мицкоски се обраќа до сите граѓани на земјава :
„Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат да го прават тоа. Вашиот глас, пак, ни дава шанса, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам. И нема идеална влада. Јас не ви ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе работиме макотрпно и дека сигурно ќе бидеме подобри од оние кои сте ги гледале досега. Зашто ниеден успех не дошол без труд и многу пот, многу откажувања и упорност. И не е коцкање ако изберете некој непознат кој ветува успех, но е прокоцкување на сопствената иднина кога му давате втора шанса на некој кој продолжува да губи и да ве разочарува“, наведува опозицискиот лидер во дел од писмото.
Дани | ТВ Пакет