Весна Бејби Петрушевска се враќа со нова емисија на Алфа телевизија
На Алфа телевизија од оваа недела започнува новата емисија на Весна Бејби Петрушевска. Се работи за „Вечер со Весна“, снимана од Томато продукција, а на Алфа ќе оди секоја недела во 20 часот.
Ова ќе биде своевино продолжение на популарната “Вртелешка”, емисија со сличен концепт. Секоја емисија ќе има по двајца гости кои со Весна ќе зборуваат на најразлични теми, а во емисијата ќе бидат прикажани архивски снимки од нивното гостување пред многу години во “Вртелешка”. Гости во првата емисија ќе бидат глумецот и водител Тони Михајловски и пејачот Ѓоко Таневски. Во следните емисии ќе гостуваат и многу познати балкански личности.
Последна ТВ емисија на Весна беше емисијата на Сител во 2010 година, каде сатирично критикуваше за тогашните настани во политичкиот и телевизиски етер.
Дани Петковска | ТВ Пакет