Актерот и стендап комичар, Бојан Велевски периодов е многу активен на територијата на речиси цела Македонија. Имено, во тек е стендап турнејата на Велевски, насловена како „Све ли ја да мислам“, со која досега успеа да насмее илјадници присутни.
Картите за големото стендап финале во Скопје на 18-ти ноември, во Станица 26, како што вели Бојан, одамна се распродадени.
„Искрено, воодушевен сум од реакциите на публиката, особено интересот за настанот во Скопје, кој беше предвиден да се случи само на 18-ти ноември во Станица 26. Картите се продадоа во рекордно време, па заедно со мојот тим одлучивме за главниот град да објавиме уште еден датум“, открива Велевски.
На барање на публиката, големото стендап финале во Скопје ќе се одигра во две вечери: 18-ти и 19-ти ноември, од 20:30ч., во Станица 26. За 19-ти ноември останати се уште 200 карти, па затоа, резервирајте си го вашето место навреме.
Се гледаме на стендап, a дотогаш купете карта на следниов ЛИНК.
Дани | ТВ Пакет