Гледачите на латиноамериканските теленовели со задоволство ги паметат и оние серии кои пред десетици години, се редеа една по друга на малите екрани. Многумина можеби ќе се сетат на “Ексцентричната Анастасија” или “Мојата слатка и дебела Валентина”, но најголемите фанови би се сетиле и на “Моја најмила”, “На крилјата на љубовта”, “Засекогаш твоја”. Во сите овие серии учество зеде и една венецуелска актерка Марианела Гонзалес, која најчесто толкуваше споредни улоги на ќерка во богатите фамилии од новелите.
Во “Анастасија” беше една од ќерките на Боровски која беше убиена од серискиот убиец Монахот и скриена под трпезариската маса каде вечераа сите од фамилијата. Сцена која веројатно многумина што ја следеле серијата и ја паметат.
Денес, Марианела живее во Колумбија и неодамна ја објави својата врска со позната колумбиска писателка.
Хомосексуалноста вешто ја криеше неколку години, но сега собра храброст и на социјалните мрежи ја покажа својата љубов со која заедно чуваат две мачки.
Дани | ТВ Пакет