Уапсена е жената која претставуваше најголем симбол за правдата во Македонија.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба денеска е изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле.
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во 14 часот закажа прес конференција, каде ќе соопшти повеќе детали за приведувањето на Јанева и случајот „Рекет“.
Катица Јанева вчера даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и рече дека не се чувствува виновна за случајот „Рекет“ во кој се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец за изнуда и перење пари.
Дани | ТВ Пакет