Почетна / Забава / Видео | „Ако одам во Битола“ прозвучи и во Мелбурн

Видео | „Ако одам во Битола“ прозвучи и во Мелбурн

Песната „Ако одам во Битола“, се слушаше во центарот на Мелбурн, Австралија и тоа во изведба на битолчанецот Христијан Спировски.

Веќе препознатлив на луѓето таму со оглед на тоа што ова не е негова прва изведба на македонски песни на пијано низ градот. Ги изведува и на аеродромот во Мелбурн, на повеќе места, па така сега и во центарот на градот.

Одлучив да свирам во Мелбурн бидејќи за мене музиката е лек за душата. Со музиката шириме љубов, среќни моменти“, ни изјави Христијан и додаде „Ги сакам и песните на Оливер Драгојевиќ па секаде ги изведувам, но нашите македонски песни ми се посебно во срцето, а присутните каде и да настапувам со задоволство ги слушаат и ги бараат на бис“.

И не само „Ако одам во Битола“, туку тој ја изведе и нашата таканаречена битолска химна „Битола мој роден крај“.

Христијан работел на аеродромот од 2013 до 2016 година. Во 2017 настапил на вечера организирана за тогашниот австралиски премиер. Настапувал и во Битола во хотел Епинал, во 2017, како и на меѓународниот аеродром во Доха. Пијано започнал да свири во 1995 година, кога се запишува во нижото музичко училиште во Битола. За него тој е еден од најубавите инструменти.

Битолчани го препознаваат и по настапот на фестивалот Си-До, (1998), Мал конзул (1999) i Тра-ла-ла (2000) како и настапот на Пулси квиз шоу на МТВ. во 1999. Во 2006 го дозавршил средното музичко училиште во Мелбурн.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!