Вчеравечер во Србија беше одржано првото полуфинале од познатото шоу за “Ѕвездичките на Пинк”. Оваа сезона учествуваат најдобрите ѕвездички од минатите сезони, меѓу кои и Антониа Гиговска. Последниов период, Гиговска е актуелна со учеството како пратечки вокал на Евровизијата во Тел Авив, со славењето матура и со новиот дечко.
Но, да се вратиме на сцена. И тоа на сцената на Пинк, каде вчеравечер за време на настапот на македонската учесничча, се случи мал инцидент. Додека Гиговска ја изведуваше трогателната француска балада, се “струполи” и падна преку едно од девојчињата вклучени во танцувачкиот дел на настапот. За среќа, девојчето врз кое падна Антониа не е повредено, и како вистински професионалец на тие години, продолжи со танцувањето како ништо да не било.
Погледнете што се случи вчеравечер (од 1:25 на видеото)
https://www.youtube.com/watch?v=qRELtiFoIi8
Дани | ТВ Пакет